Your cart is currently empty!

Запознајте ги нашите автентични, домашно произведени производи, создадени со љубов и посветеност кон здравјето и природата. Секоја суровина е внимателно одбрана и набрана од нашите плантажи за да го добиете најдобриот вкус, совршено богати и кремасти путери, без никакви додадени шеќери, масла или конзерванси. Природно, здраво, исклучително вкусно и совршено за секој ден.
Пробајте го вкусот што го освојува секого!
Ние сме тим кој со страст создава 100% природни производи, без додадени шеќери, конзерванси и вештачки состојки. Нашата мисија е да понудиме здрава и вкусна алтернатива која ќе ги зачува богатите и чисти вкусови на природата. Веруваме дека секој заслужува да ужива во чистите и богати вкусови на природата, секоја тегла ја носи нашата љубов и посветеност.
Веруваме дека со нашите производи може да уживате во храната и да се грижите за вашето здравје.


Со само неколку клика, вашиот омилен природен путер може да биде на пат до вашиот дом.

Знаеме колку е важно да го добиете вашиот омилен путер од лешник што е можно побрзо! Затоа, се грижиме за брза и сигурна достава директно до вашиот праг.

Нашата најголема мотивација се задоволните насмевки на нашите купувачи! Тие го избираат нашиот путер од лешник за неговата чистота, вкус и природност.

Нашиот путер е направен исклучиво од внимателно одбрани и печени лешници – без додадени шеќери, масла или конзерванси. Само чиста, природно богата арома и неодолив кремаст вкус кој те освојува од првата лажица. Совршен избор за појадок, ужинка или фитнес оброк! Додај го во смути, на тост или јади го директно од теглата – уживај во природната енергија на вистинските лешници.

Нашиот јаболков оцет е направен од свежи, зрели јаболка, ферментирани на природен начин без никакви додатоци. Богат со ензими и антиоксиданси, помага во подобро варење, детоксикација и балансирање на организмот. Додај го во салати, пиј го со вода или користи го секојдневно за здравје и свежина. Природна моќ во секоја капка!

Доколку сте компанија која има желба да ги продава нашите производи и е заинтересирана за долго годишна соработка ве молиме да не исконтактирате на нашиот mail.
Секое ваше прашање ке биде добредојдено и одговорено во најкус можен рок.